LinkedIn станува се’ попопуларен не само во светот, туку и кај нас во Македонија! Од ден да ден расте бројот на луѓе кои се приклучуваат на најпознатата социјална мрежа за професионалци, а се поголем број регрутери и HR професионалци ги бараат своите идни вработени токму таму! Прочитајте како да го извадите максимумот од вашиот профил на LinkedIn!
Профилот на LinkedIn понекогаш може да биде врата за успех во вашата професионална кариера, па затоа искористете го неговиот потенцијал и покажете му на светот што е тоа што ве прави посебни!
Ви пренесуваме неколку совети кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги истакнете вашите јаки страни со помош на вашиот LinkedIn профил.
Откријте му на светот кои сте вие и каде сакате да одите
Звучи едноставно, но ова понекогаш знае да биде најтешкиот дел. Започнете со избор на фотографија која ќе биде на вашиот профил. Профилите со фотографија имаат 21 пат повеќе прегледи од оние без фотографија. Сепак, фотографијата на вашиот профил треба да биде професионална и да им даде вистинско чувство на луѓето за вас како личност и професионалец. За крај, не заборавајте да додадете и cover фотографија што ќе ја поддржи приказната што сакате да ја споделите за себе.
Подеднакво важно е и вашето резиме. Вашето резиме е првото нешто што луѓето ќе го прочитаат за вас кога ќе дојдат на вашиот профил, па затоа вреди да издвоите малку повеќе време за да ги истакнете вашите јаки страни и уникатни способности. Најдобро е да се обидете да го сумирате вашето досегашно професионално искуство со околу 40 зборови, и секако, употребувајте што е можно повеќе клучни зборови кои се релевантни за идните можности за вработување бидејќи преку нив регрутерите полесно ќе допрат до вас.
Препораките од професори, алумни, менаџери и колеги додаваат тежина. Тие помагаат да се провери сето тоа што го кажувате за себе и им овозможуваат на луѓето да разберат дали е добро да се работи со вас. Без оглед на тоа дали со некого сте работеле само неколку дена или години, не плашете се да побарате препорака, а понекогаш и да понудите некоја за возврат.
Нагласете го вашето професионално искуство
Редовното ажурирање на вашето работно искуство и те како се исплати. Професионалците кои ја имаат наведено својата тековна позиција во својот профил се 16 пати повидливи во пребарувачот на LinkedIn. Доколку моментално сте невработени, не го оставајте тоа поле празно. Може да наведенете нешто како “отворен/а за нови можности“ или слично.
Исто така, не заборавајте да напишете кратко резиме за секое работно искуство кое досега сте го имале. Тоа и дава на вашата публика поголем увид во вашите вештини и професионална позадина. Резимето не треба да биде подолго од 2-3 реченици и треба да ги нагласи вашите јаки страни и клучни достигнувања на таа позиција.
Осумдесет и седум проценти од работодавците се согласуваат дека вештините на кандидатите се клучни и можеби најважниот елемент во вашиот профил. LinkedIn ви овозможува да наведете до 50 вештини во вашиот профил, од кои може да изберете три вештини кои сакате да бидат најистакнати. Потоа, секој што има работено со вас може да ги оценува вашите вештини, а тоа му додава дополнителна вредност на вашиот профил.
Друг начин да ја покажете својата експертиза и да ги одржувате релациите со вашите конекции е со споделување на вести, идеи или ставови кои се релевантни за вас и за луѓето кои ве следат. Ова е одличен начин за комуникација со луѓето во вашата мрежа и да изградите личен бренд кој е многу значаен на професионално поле.
Обратете и се на LinkedIn заедницата кога ви треба помош
LinkedIn е одлично место за сигнализација на вашите потреби до професионалната заедница. Помогнете им на луѓето да дознаат што е тоа што ви треба. Заинтересирани сте за нова работа или волонтерска можност? Ви треба препорака за некој производ или услуга? Барате нови клиенти или партнери за да го развиете бизнисот? Јасното сигнализирање на вашата намера преку вашиот LinkedIn профил ќе ви помогне да растете професионално.
Ако барате нова работа, можете едноставно да ја активирате функцијата “отворен/а за можности за вработување“ во вашиот профил. Дополнително, може да изберете дали сите членови на LinkedIn ќе можат да го видат вашиот статус или само работодавци кои вработуваат на работни места за кои можеби сте заинтересирани.