Словенија започна да ги применува новите правила за финансиска помош на невработените лица со кои се зголемува паричниот надомест кој ќе се исплаќа на оваа група на граѓани.
Новиот закон предвидува наместо досегашната помош од 350 евра, невработените лица да добиваат по 530 евра секој месец.
Странците кои имаат регулиран престој во Словенија, а не се државјани на земја членка на Европската Унија, за да бидат впишани во регистарот на невработени лица ќе треба да достават и потврда за основно познавање на словенечкиот јазик“.
Лицата пак кои се државјани на земја членка на ЕУ, ќе треба да посетуваат курс по словенечки јазик и лично да се пријавуваат на огласи за работа.
Според последните статистички податоци, стапката на невработеност во Словенија изнесува 4.3 проценти.