Прекувремена работа
Член 117
(1) Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку
полното работно време (прекувремена работа):
1) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата;
2) ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
3) ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би
предизвикало прекинување на работата;
4) ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и
безбедноста на прометот и
5) во други случаи определени со закон или колективен договор.
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една
недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот
процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да
се организира работата во смени.
(3) За работниците од Министерството за внатрешни работи, кои вршат посебни
должности и овластувања согласно со посебен закон, прекувремената работа
може да трае подолго од 190 часа годишно, поради извршување на итни и
неодложни работи, по претходно дадена писмена согласност на работникот.
(4) На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а
не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот
работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и
бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
(5) Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената
работа и часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната
пресметка на платата на работникот.
(6) Работодавачот е должен за секое воведување на прекувремената работа
писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.
(7) Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од ставот (2) на
овој член е должен да изврши прераспоредување