На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Собранието ги изгласа најновите измени и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.
Законот стапува на сила со негово објавување во Службен везник, а стечајните работници веќе од петок ќе можат да поднесат барање во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надоместок од околу 8.000 денари.
Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширу на уште 1.000 лица со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајќи ќе изнесува 12.000.
Според новото законско решение, невработено лице може да се стекне со правото на паричен надоместок доколку ги исполнува следните услови:
- да е невработено;
- работниот однос да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок;
- било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци;
- на денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); и
- работниот однос му престанал во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.