Постојат вработени на кои поради нивните очигледни квалитети треба да им се посвети внимание. Иако како претприемач треба да внимавате на своите пари, некои работници поради големиот придонес заслужуваат моментално покачување.
Ова се некои од тие вработени:
1. Оние кои носат најмногу приходи
Не е важно каков вид е работата, но сосема е јасно: лицето кое ви носи најмногу приходи заслужува покачување според сите критериуми.
2. Оние кои имаат непроценливи вештини
Некои вештини не може да се научат, а тоа е пред се личност и став пред клиентите. На пример, ако ангажирате келнер кој секој го сака и поради кој сите доаѓаат во кафулето, треба да го наградите со покачување.
3. Оние кои даваат повеќе од 100 проценти
Ако имате работник кој секогаш ја става даската високо и успешно ја прескокнува, би требало да знаете да го цените. Малку се оние кои се целосно посветени на работата, и не дозволувајте да ви се “лизне” од раце.
4. Оние кои се тука од почетокот
Постојат работници кои се со вас од почеток, но поради различни циркулации на луѓе во компанијата, може да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте да паднат во летаргија – со покачување покажете им колку ги цените.
5. Оние кои еден ден би можеле да ја преземат работата
Во сè, а особено во бизнисот, важно е да мислите на иднината. Ако препознаете личност во компанијата која можеби еден ден ќе го преземе водењето бизнис, направете сè за да ја задржите, а финансиските ресурси често се добра гаранција.