Еве како можете да станете експерт во рекордно време, така што луѓето нема да имаат друг избор освен да ве забележат:
Ласерски фокус
Наместо да се фокусирате на 5 работи истовремено, насочете го вашето внимание на само една работа.
Проблем со повеќето луѓе е што сакаат да станат експерт за се, за да можат да допрат до пошироката публика. Но, луѓето всушност бараат специјализирани експерти кои можат конкретно да им помогнат. Да, ќе добиете помалку клиенти, но секој клиент ќе биде многу повреден. Кога луѓето ќе ве гледаат како експерт кој може да им помогне за конкретен проблем, ќе може да побарате повисоки цени.
Креирајте список за едукација
Откако ќе изберете тема на која ќе се фокусирате следните 9 месеци, време е да направите листа на сите вештини кои треба да ги стекнете. Подгответе листа на ресурси кои ќе ги користите за да ги стекнете тие вештини.
Избегнете ги вештините што не ви се потребни. Откако ќе заврши 9-месечниот период, можете да продолжите напред и да ги проширите општите знаења.
Вашата листа на ресурси треба да го содржи следното:
- Eксперти од вашето поле од кои ќе учите и со кои ќе се поврзете
- Книги поврзани со вашата тема
- Релевантни објави
- Блогови кои пишуваат за вашата тема
- Курсеви што ги предаваат експерти од индустријата
- YouTube видеа
За да бидете експерт, треба да бидете во тек со најновите трендови. Затоа, проверете дали го ажурирате списокот секој месец.
Следете ја формулата за учење
Читање + Експеримент = Учење. Тоа е формулата за учење. Читате, го применувате она што го имате научено и потоа доаѓате до свои уникатни резултати кои ви помагаат да развиете своја перспектива во врска со темата.
Покажете што научивте и споделете ги вашите размислувања
Само затоа што сте експерт, не значи дека луѓето ќе ве гледаат така. Треба да започнете да ги поучувате луѓето. Кога ќе почнете да го споделувате вашето знаење, тогаш ќе почнат да ве доживуваат како стручно лице.
Објавувајте статии редовно како гостин на популарните блогови во вашата дејност, објавете книга.
Со други зборови, само помогнете им на луѓето да го добијат она што го сакаат и да ги решат своите проблеми.