ФитКит е првата македонска мобилна апликација што овозможува вежбање во најдобрите фитнес и спортски центри во земјава. Со само неколку клика, корисникот може online да купи кредити и да вежба на повеќе од 150 различни фитнес локации во 13 градови во земјава. ФитКит не е само апликација, туку концепт на активен живот во било кое време и на било кое место.
Зад успешното функцонирање на ФитКит стојат здружените сили на Ангелина, Јосиф и Марко.
Ангелина е мозокот зад операцијата ФитКит. Таа вели дека е позитивно изненадена што македонските компании се повеќе го следат примерот на странските фирми и ги мотивираат своите вработени покривајќи им вежбање преку ФитКит.
-Се повеќе компании денеска се свесни дека продуктивноста на вработените и оддржливоста на бизнисот директно зависи од самата култура во компанијата. Доколку компанијата им нуди на вработените бенфиции надвор од плата, тогаш сечии потреби се задоволени.
Јосиф е алката помеѓу FitKit и бизнисот. Тој објаснува зошто компаниите се едни од најголемите FitKit амбасадори.
-Придобивките на компанијата се дека ниту еден од вработените нема повеќе да се чувствува дека не е слушнат. Вработените ќе имаат пристап до многу локации и дисциплини, а одговорните за човечки ресурси ќе немаат поплаки дека нешто им недостасува на вработените. Дополнително, со сите компании во кои што соработуваме, имаме иницијатива за организирање на работилници за квалитетен животен стил.
Marko is the tech behind FitKit, човекот кој неуморно работи на имплементирање нови технологии и функционалности што ја прават апликацијата основна алатка за водење на активен живот. Тој е човекот кој комуницира со код и е главниот виновник за нејзините одлични перформанси.
-Придобивките се најбројни за крајните корисници. За оние кои што се уште не можат да се најдат себеси во fitness и wellness индустријата, FitKit им нуди можност да пробат и самите да проценат која активност или локација најмногу одговара на нивниот карактер или дух.
Фиткит фамилијата секојдневно расте и денес се состои од над 8 илјади регистрирани корисници, повеќе од 20 компании што ја користат како дополнителна придобивка за вработените и над 150 партнери кои се дел од ФитКит портфолиото. Мобилната апликација е достапна на App Store и Google Play.
По само неколку години од своето лансирање, ФитКит прерасна во алатка неопходна за еден модерен човек да води здрав и активен живот. По одличното прифаќање на ФитКит на македонскиот пазар, следен чекор е зголемување на тимот и усовршување на продуктот со нови функционалности.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.