Европската комисија планира укинување на еден и два евро-центи, пишува германски Süddeutsche Zeitung.
Весникот наведува дека Европската комисија утре ќе претстави работна програма која содржи предлог – „единствено правило за заокружување“, со цел укинување на најмалите монети.
Дневникот укажува на извештај на Европската комисија од 2008 година, според кој се повеќе земји од Еврозоната се префрлиле на заокружување на цената на пет центи.
Укинувањето на монети од еден и два центи би заштедило на трошоците за производство, но и на нивно броење и транспорт, се вели во извештајот.