Времетраењето на пробната работа не може да биде подолго од шест месеци, отказниот рок е три дена, а износот на платата треба да биде наведен во договорот за вработување... прочитајте што вели ЗРО во случај на пробна работа.
При склучување на договор за вработување работникот и работодавачот како две договорни страни можат да се договорат за пробна работа.
Во договорот за вработување покрај сите права и обврски од работен однос се утврдува висината на платата и времетраењето на пробната работа, кое не може да биде подолго од шест месеца.
Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест и слично).
За вршење на сезонска работа, пробната работа може да трае три работни дена.
Работодавачот може договорот за вработување со пробна работа за вршење на сезонска работа да го откаже во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со пробна работа.
Во времетраењето на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена.
Врз основа на оцената за неуспешно завршената пробна работа работодавачот може по изминувањето на пробната работа да го откаже договорот за вработување.