На ИТ секторот во Австрија му недостасуваат 10.000 висококвалификувани работници
Директната и индиректната загуба по непополнетите работни места се проценува на околу 160.000 евра годишно, што е вкупно 1.6 милијарди евра, предупредува портпаролот на ИТ одделот во Стопанската комора на Австрија, Мартин Зандонела.
Тоа е огромна штета по австриската економија, констатирал Зандонела.
Според него, струковните претставници веќе пет години издаваат извештаи за ситуацијата со обуката и вработувањето во ИТ секторот. Извештајот и оваа година покажува дека постојат многу отворени работни места.
„Се бориме со стагнација“, рекол Зандонела и изразил грижа за големата стапка на напуштање на студиите за информатички технологии, пред се во првите семестри.
Стапката на напуштање на студиите во стручното вишо образование за ИТ изнесувала 44.9 отсто, а на Универзитетите 50.6 проценти во учебната 2017/2018 година .
Најмногу висококвалификувани кадри во ИТ секторот недостасуваат во областа на развојот на софтвери, управување со компјутерските мрежи и ИТ безбедност. Постои и голема потреба за работна сила за анализа на податоци, автоматизација, вештачка интелегенција и интернетот.
ИТ секторот од политиката бара поголемо ангажирање во областа на дигитализацијата, како и сака концепт на ИТ образование во училиштата.
Претставникот на ИТ секторот нагласува дека потребно е во основните училишта да се воведе фиксна настава по информатика. Се размислува и за тоа да за матурантите се воведе обука за ИТ „занаетот“, бидејќи како што објаснува Зандонела, ИТ секторот не е класична стопанска гранка за занаетите, но моментално гледаме дека постои размислување за тоа.
Просечната плата во ИТ секторот на Австрија изнесува 4.850 евра.
Извор: Вечер.Прес