Започна исплатата за второто тримесечје од повратот на ДДВ од мерката од МојДДВ, преку која граѓаните добиваат средства од скенирањето на сметки.
Претходно Управата за јавни приходи соопшти дека се заокружи второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари, вкупниот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.
Според информациите од УЈП за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.