Од 1. Јануари 2020 започнаа да се применуваат новите параметри за пресметување на данокот на доход и придонесите од плата кои ќе важат во следните 12 месеци
Освен враќањето на рамниот данок на доход од 10%, од Нова година на износот на бруто платата влијаат и новите стапки на придонеси, како и новиот износ на даночното олеснување.
Така, најниската основица за пресметка на придонесите во 2020 година е 19.160 денари, што е 50% од износот на просечната бруто плата по вработен во Македонија.
Од Нова година, се промени и износот на даночното олеснување кој од 8.000 денари во 2019 се зголеми на 8.228 денари во 2020 година.
Промени има и во стапката на придонесите. Стапката на задолжително пензиско и инвалидско осигурување се зголеми од 18.4% во 2019 на 18.8% во 2020 година.
Пораст бележи и стапката на задолжително здравствено осигурување која во 2020 година изнесува 7.5% што е за 0.1% повеќе отколку минатата година.
Стапката на вкупни придонеси во 2020 година изнесува 28% и истата е поголема за 0.5% во споредба со таа лани.
Дознајте го износот на вашата бруто плата во 2020 година со помош на Калкулаторот за пресметка на плата за 2020