Секој што ќе продава или издава стан - стар или нов ќе мора да приложи и документ за тоа колку е енергетски ефикасен. Новиот закон за енергетска ефикасност стапи на сила. Со него се предвидува контролор да направи проверка на ефиканоста на објектот и да му издаде сертификат на сопственикот. Според експертите со ова купувачот ќе знае што купува, ќе има претстава колку според ефикасноста е потршувачката на струја во станот.
Со новиот закон освен станбените згради, овластени енергетски контролори ќе ја проверуваат енергетската ефикасни и големите претпријатија, организации. А ќе се прави контрола и на објектите на државните и јавните инситуции.