Флексибилниот начин на работење кој досега беше тренд само во големите светски компании пристигна и во нашата земја, а А1 Македонија е прва голема компанија во Македонија која воведува ваков модел на работа!
Преку воспоставување на флексибилен модел на работа, “А1 Флекси”, компанијата се насочува кон својата цел, агилна компанија која на своите вработени им нуди флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.
Една од клучните заложби на компанијата е на вработените да им се овозможат современи услови за работа, па покрај модерно уреден простор за работа прилагоден за агилен начин на работа, вработените во А1 Македонија имаат можност да користат флексибилно работно време, но и место за работа.
Flexi Time и Flexi Place за подобар баланс помеѓу приватниот живот и работните обврски
Концептот нуди две категории и тоа: Flexi Тime, кој нуди флексибилност во времето на доаѓање и заминување од работа и Flexi Place, концепт кој на вработените им дозволува повремена работа од дома или од друга локација.
Флексибилното работно време не го менува бројот на работни часови, туку само ја зголемува продуктивноста на вработените, а со тоа и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа.
“А1 Флекси” е голем чекор и предизвик за нашата компанија, а после шест месеци активно користење се покажа како практика која на вработените им нуди ново искуство и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа. На пример, според досегашното искуство нашите вработени повеќе не ги презакажуваат приватните обврски, некои порано заминуваат од работа и одат на викенд патување, а оние кои се родители повеќе не отсуствуваат од претставата на своето дете во 15 часот, вели Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.
Со воведување и успешна имплементација на “А1 Флекси”, компанијата покажува дека е подготвена за организациска еволуција, преку интеграцијата на деловниот и приватниот живот, a за поголемо задоволство на вработените.
Љубопитни сте за повеќе?
Погледнете ги отворените работни позиции во А1 Македонија.
https://www.a1.mk/za-nas/kariera