Статистика пресмета дека расте просечната плата во Македонија па така забележан е раст на платата од 1049 денари во декември, односно биле исплатени 26.836 денари како просечна нето плата по вработен во истиот месец.
Сега се поставува прашањето кои се најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија?
Секако, на врвот се програмерите. Тие може да се пофалат со највисока плата која во декември изнесувала 96.332 денари. Втора најплатена дејност е восдухопловството каде контролорите на летање во последниот месец од 2019 година се офајдиле со плати над 70 илјади денари.
Малку пониски плати имаат вработени во секторите производство на основни фармацевстки производи чии плати според Државниот завод за статистика биле 69.911 денари.
Со повисоки плати може да се пофалат и оние кои работат во финансиски и услужни дејности но и вработени во телекомуникацисискиот бизнис. Во овие две дејности платите во декември биле 65.885 денари односно 62.066 денари.