Трговскиот ланец “Лидл Хрватска“ и оваа година одлучи да го унапреди компензацискиот пакет за вработените во маркетите и магацините ширум земјата
Од 1 март 2020 година, на сите вработени во повеќе од 100 маркети на “Лидл“ во Хрватска, како и во магацините во Јастребарско и Перушиќ, ќе им биде покачена платата за 8 проценти, а на крајот на деловната година на компанијата (февруари 2020) ќе добијат и една дополнителна плата.
Уште од почетокот на своето работење во Хрватска, а особено во последните три години, “Лидл“ континуирано ги зголемува платите на своите вработени.
Последното зголемување се случи пред скоро една година кога во март 2019 на вработените во маркет и магацин им беше исплатена повисока плата за 10 до 12 проценти.
Инаку, покрај основна плата која е над просекот во малопродажната и прехранбената индустрија, “Лидл“ на сите свои вработени им обезбедува и голем број други бенефити, како што се парична награда во износ од 4.000 куни, божиќен бонус од 2.000 куни, велигденски бонус од 1.000 куни, сезонски додаток, подароци за деца, систематски прегледи и многу други поволности.
Покрај тоа, “Лидл“ посветува особено внимание на развојот на своите вработени на сите нивоа. Затоа, покрај редовните обуки и стручни усовршувања, компанијата на вработените им овозможува и можности за долгорочен развој на кариерата во согласност со потребите на бизнисот.