Елон Маск е еден од најсмелите претприемачи на нашето време кој успеа да ја обнови американската индустрија и да постави нови граници на иновативноста – од PayPal до Tesla, SpaceX и SolarCity – надминувајќи ги предизвиците, денес заработува милиони, а целата таа приказна води до една книга.
Новинарот Ешли Ванс во својата книга “Елон Маск: Tesla, SpaceX и потрагата по фантастична иднина“ открива дека Елон Маск уште во своите тинејџерски години почуствувал “лична обврска“ за целата судбина на човештвото.
Според Ванс, неговата љубов кон книгите и лекциите што ги извлекол од нив го инспирираат Елон Маск денес да создаде почиста енергетска технологија и вселенски бродови кои ќе го издигнат човештвото кон нови достигнувања во иднината.
Една група на такви книги коишто Елон Маск ги препорачува и денес се книгите од научно-фантастичниот серијал “Фондација“ од научникот и автор Исак Асимов.
Инаку, Асимовата сага “Фондација“ е за пропаѓањето и преродбата на една огромна меѓуѕвездена империја во универзумот на иднината.
Лекцијата што ја извлеков од сагата “Фондација“ е дека треба да преземете активности што веројатно ќе ја продолжат цивилизацијата, ќе ја минимизираат веројатноста за темна ера и ќе ја намалат должината на темната ера доколку таа се случи, изјави Маск за списанието “Ролинг Стоун“ во 2017 година.
Маск исто така изјави дека одтаму научил дека цивилизациите се движат во циклуси, а ова го мотивирало да продолжи со истражувањата на вселената придвижувајќи го човештвото во нагорен циклус.
Со оглед на тоа што за прв пат по 4.5 милијарди години станува возможно за човештвото да го прошири животот надвор од Земјата, би било мудро да реагираме додека прозорецот е отворен и да не сметаме на тоа дека ќе биде отворен уште долго време, изјави Маск за “Гардијан“ во 2003 година.
За таа цел, Маск ја основа SpaceX во 2002 година (по неговиот втор стартап X.com, кој подоцна стана PayPal кој беше продаден на eBay за 1.5 милијарди долари).
Серијалот Фондација и Нултиот закон се фундаментите на SpaceX, твитна Маск во јуни 2018 година, осврнувајќи се на Асимовиот Нулти закон за роботика.
Во 2003 година, Маск ја основаше и Tesla, за потоа да ги создаде и Neuralink (2016) и The Boring Company (2017). Денес, вредноста на неговото богатство Форбс ја проценува на 42.3 милијарди долари.