Стив Џобс имаше големи очекувања од себе, но и од своите соработници, особено од тие што се вработени на менаџерски позиции
Авторот Џон Росман во својата книга “Размислувај како Амазон“ сподели една интересна анегдота за Стив Џобс.
Имено, кога некој од неговите вработени ќе стане потпретседател на “Епл“, Стив Џобс ќе му раскажел кратка приказна, која оди вака:
“Во еден момент, забележав дека ѓубрето не беше извадено од мојата канцеларија па го прашав чистачот за објаснување. Чистачот ми рече дека вратата од канцеларијата била заклучена, а тој немал клуч.
Неговиот одговор е разбирлив. Чистачот не може да ја заврши својата работа без клуч.
На чистачот му е дозволено да има изговор.
Но, некаде помеѓу чистачот и луѓето на раководни позиции во компанијата, изговорите престануваат да бидат важни.“
Со други зборови, Стив Џобс сака да каже дека ако некој сака да стане потпретседател на компанијата, тој или таа мора да се ослободат од сите изговори за неуспех.
Онаму каде што мозокот на просечниот вработен ќе застане, лидерот мора да продолжи да размислува и да бара решение.
Речиси секогаш постојат решенија, но понекогаш треба да работите посилно и да размислувате поинаку за да ги постигнете своите цели.
Патот до врвот зависи од способноста за решавање на секојдневните проблеми.