Некои модели на Mеrсеdеs-Bеnz, BMW и Pеugеоt трошат 50% повеќе гориво при секојдневно користење отколку што производителот посочува на база на лабораториски истражувања. Во некои случаи несовпаѓањата меѓу официјалните показатели и реалната потрошувачка на гориво се толку значителни што не можат да бидат објаснети единствено со карактеристиките на методологијата на истражување.
Еколошката организација „Транспорт и животна средина“ од Белгија направи анализа на потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови на 600.000 автомобили користејќи ги земјите од Европскат унија и ги спореди со карактеристиките од документите, дадени од производителите. Ако во 2001 година несовпаѓањето меѓу декларираните и реалните показатели беше со средни 8% проценти тоа во 2014 година се качи до 40%.
Според заштитниците на животната средина до крајот на 2020 година разликата може да дојде и до 50% доколку властите не ја засилат контролата на сертифицирањето на новите автомобили. Во меѓувреме автомобилите како Mеrсеdеs-Bеnz А-Сlаss, С-Сlаss и Е-Сlаss, кaкo и BMW Ceриes 5 и Pеugеоt 308 со традиционалните бензински и дизел мотори при секојдневна употреба веќе трошат околу 50% повеќе гориво и испуштаат 40-45% повеќе СО2 во атмосферата отколку што тоа е посочено во техничките спецификации. Моделите на Rеnаult и Tоyоtа исто така се наоѓаат на „црниот список“.
Европскиот возач нарушувањето на податоците за потрошувачката го чина околу 450 евра годишно. Огромната количина сопствениците на автомобили ја доплаќаат без да дознаат за дополнителното гориво. Во исто време производителите на автомобили се обидуваат да воведат нова хармонизирана методологија за мерење на ефективноста на автомобилот за подоцнежен датум.