Ако сте меѓу оние кои обожаваат да спијат и често прават snooze на својот будилник за да ќарат барем уште 10 минути сон, можеби ја имаме вестинската работа за вас! Компанија од Велика Британија ќе ви плати за да го правите тоа!
Производителот на завеси и ролетни Hillarys од Велика Британија плаќа околу 100 евра дневно за лице кое ќе се пријави да испроба различни услови за спиење со цел компанијата да открие како најдобро се спие.
Среќникот што ќе го изберат треба да носи уред што ќе го мери квалитетот на спиењето додека истиот е изложен на различни мешавини на звук и светлина.
Експериментот ќе открие како светлината и звуците можат да му засметаат на сонот, а тоа ќе го тестираме со изложување на кандидатот на различни услови за спиење. Тој ќе биде изложен на различни звуци и осветлување, а ќе носи и уред за следење на нивното влијание врз квалитетот на сонот, соопштија од компанијата.
Кандидатот ќе биде ангажиран 2 недели, што значи дека ќе заработи нешто повеќе од 1.400 евра. Конкурсот е отворен до 9 април, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат со кратка биографија.
Потребно е само да ја убедат компанијата зошто тие се вистинските кандидати за ова работно место.