„Читам во групава дека се жалите дека некои одат на работа. Дека не се дома. Дека се користат работниците во ова време. Е па еве да знаете дека и ние во банките работиме, ова го пишувам од работа. За да можете вие дами да имате пари, да можете да плаќате онлајн, да можете да функционирате. Пред да ме нападнете, знајте дека ова е вонредна состојба не за сите да не одат на работа, туку за да може владата да донесува итни мерки со кои ќе се спречи ширењето на вирусот. Доста кревате паника, доста чистите рафтови. Социјално дистанцирање, воздржете се од гости итн. Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ало луѓе ова ќе помине, после како ќе преживеете!! Доста веќе кукате. Не сте само вие во маркети и аптеки на работа, сите институции работат, луѓе од дома работат. Доста само леле фризерки работеле леле ова работело. А што да прават ако само тоа им е извор на егзистенција? Да гладуваат? Смирете се ве молам смирете се.“
Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ова ќе помине, после како ќе преживеете!! - Статус на вработена во банка
Вести
-
Граѓаните на петтото бесконтактно плаќање со картичка, ќе мора да внесат пин код
Граѓаните да внимаваат и да бројат до 5. Можат со картичка бесконтактно да платат 4 пати, на петтото плаќање ќе мора да внесат пин код. Истото ќе се случи и ако претходно испазариле сума над 9.000 денари. Станува збор за новина која функционира од октомври годинава.
-
Облеката од Тему, Шеин и АлиЕкспрес, полна со токсични материи
Некои детски алишта од Тему содржеле до 622 пати повеќе отровни материи од дозволената граница, објави владата во Сеул.
-
Во новогодишната кошница ќе има околу 600 поевтини производи
Министерот за економија и труд, сè уште не ја открива содржината на новогодишната кошница, но вели дека интензивно преговараат со трговците, производителите, добавувачите, коморите и Организацијата на потрошувачите.
-
Повторно проблеми за скопјани, од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат
Нема крај на проблемите на скопјани со јавниот превоз. Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат по градските улици. Илир Исени од Советот на приватни превозници, најави дека од денеска целосно ќе престанат да сообраќаат приватните автобуси, пренесува ТВ21.
-
Без визи кон Обединетите Арапски Емирати?!
Македонските граѓани кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати од сега нема да мора да ги заменуваат своите возачки дозволи со локални да плаќаат по неколку илјади долари за дополнително полагање.
-
Ќе работиме 3,5 дена во неделата И ЌЕ ЖИВЕЕМЕ 100 ГОДИНИ
Џејми Дајмон, главниот извршен директор на JP Morgan, заговорник на напорна работа и работа од канцеларија, вели дека идните генерации вработени би можеле да работат ден и пол помалку секоја недела, благодарејќи на вештачката интелигенција.