„Читам во групава дека се жалите дека некои одат на работа. Дека не се дома. Дека се користат работниците во ова време. Е па еве да знаете дека и ние во банките работиме, ова го пишувам од работа. За да можете вие дами да имате пари, да можете да плаќате онлајн, да можете да функционирате. Пред да ме нападнете, знајте дека ова е вонредна состојба не за сите да не одат на работа, туку за да може владата да донесува итни мерки со кои ќе се спречи ширењето на вирусот. Доста кревате паника, доста чистите рафтови. Социјално дистанцирање, воздржете се од гости итн. Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ало луѓе ова ќе помине, после како ќе преживеете!! Доста веќе кукате. Не сте само вие во маркети и аптеки на работа, сите институции работат, луѓе од дома работат. Доста само леле фризерки работеле леле ова работело. А што да прават ако само тоа им е извор на егзистенција? Да гладуваат? Смирете се ве молам смирете се.“
Ако се се затвори ќе колабира економијата. Ќе има отпуштања од работа, ова ќе помине, после како ќе преживеете!! - Статус на вработена во банка
Вести
-
Заборавете на CV: Младите го менуваат начинот на кој аплицираат за работа
Иако овој пристап наиде на различни реакции од јавноста, експертот за кариери Гај Торнтон верува дека апликациите на TikTok се „одличен начин да се истакнете“ на денешниот конкурентен пазар на труд, пренесува Indy100.
-
УЈП: Поднесете ги ДДВ–04 пријавите навреме, избегнете стрес и дополнителни трошоци
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период.
-
Повторно се руши Југославија
Тешка градежна механизација почна да го урива белградскиот хотел „Југославија“. Некогаш најлуксузниот хотел во овој регион, сепак, почна да го губи својот сјај многу пред да биде запечатена неговата судбина и на некој начин ја доживеа судбината на земјата чие име го носи.
-
ПРОМЕДИКА вработува на четири позиции
кандидати со и без работно искуство
-
Во тек е исплата на парите од “Мој ДДВ”
Исплатата на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е во тек.
-
Барселона размислува за забрана на директно изнајмување станови на туристи
Властите во Барселона уште во јуни најавија укинување или ограничување на изнајмувањето станови на туристи до крајот на 2028 година.