Македонските компании масовно се вклучуваат кон помош и поддршка на мерките!
Модното ателје и кројачката работилница на семејството Илјази од Тетово деновиве изработува и доделува бесплатни маски за лице. Маските се даваат на сите оние кои немаат доволно финансии за да купат, како и поради фактот дека истите тие периодов тешко се наоѓаат во аптеките.
Крешнике Илјази вели дека секој ден произведуваат по 200 маски и ги даваат бесплатно, и дека тие можат да се дезинфицираат. Крешнике додава дека маските се стерилизираат со пеглање и истите се направени од 100% памук.
Целиот текст можете да го прочитате на: tetovoinfo.mk
И конфекцијата ЕДТКО од Тетово покажа дека е општествено одговорна фирма и исто така започна со шиење на маски кои ќе бидат бесплатни.
Друга компанија која се приклучува на ваквите активности е компанијата ЕАМ од Штип. Уште пред да се појави првиот случај со коронавирус во градот, ЕАМ за неколку дена направила и донирала 20.000 заштитни маски.
Конфекциите "Вабо", "Албатрос" и "Дик Фагус" го прифатија овој пример и до сега изработиле од 2.000 до 5.000 заштитни маски.
Целиот текст можете да го прочитате на: sdk.mk