Л’Ореал ЛВМХ и Зара се дел од долгата листа на компании кои го адаптираа своето производство за да помогнат да се надмине глобалниот предизвик со име Ковид 19
Компанијата која до вчера произведуваше врвни козметички производи од брендови како “Кристијан Диор“ и “Живанши“ од денес ќе прави средства за дезинфекција.
ЛВМХ, корпорација која под себе го има Диор и уште 75 светски луксузни брендови, започна со производство на хидроалкохолен гел, како средство за дезинфекција кое ќе помогне да се спречи ширењето на коронавирусот.
Францускиот луксузен конгломерат ќе ги достави своите продукти бесплатно на адресата на Париската јавна болница Асис, која претставува најголем болнички систем во Европа.
ЛВМХ ќе го прави ова „онолку долго колку што е потребно“, а во договор со здравствените власти.
Ла Рош Посеј и Гарние на Л’Ореал во хумана мисија
Во средата, Л’Ореал исто така ја покажа својата човечка страна со тоа што се понуди да ги отстапи своите фабрики за производство на средства за дезинфекција на раце. Според WWD, козметичкиот гигант Ла Рош Посеј ќе обезбеди хидроалкохолен гел во болниците, домовите за стари лица и главните фармацевтски партнери низ цела Европа, додека неговиот друг бренд Гарние вети дека ќе испорача милиони единици од гелот до своите европски клиенти долж целиот дистрибутивен канал.
“Во оваа исклучително кризна ситуација, наша одговорност е да дадеме придонес на секој можен начин“, изјави Жан-Пол Агон, претседател и извршен директор на Л’Ореал.
Индитекс ќе прави униформи за најпогодените болници во Шпанија
Компанијата која стои позади Зара, наскоро ќе започне да изработува болнички униформи за да и помогне на својата земја во борбата против коронавирусот.
Индитекс досега донираше 10.000 маски, а уште 300.000 ќе бидат испорачани до крајот на неделава.
Исто така, од компанијата изјавија се подготвени да ја отстапат својата логистичка и дистрибутивна мрежа, особено во Кина, со цел да и се овозможи на земјата да ги задоволи итните потреби од медицински и текстилни материјали, како што се заштитни маски, ракавици, очила и капи.