Почитувани соработници,
Сите се соочуваме со предизвикот пред кој неподготвени не донесе пандемијата на Корона вирусот.
Во моменти кога сите сме во неизвесност што ќе биде со нашето здравје, со здравјето на нашите блиски, со нашите вработени, со нашиот бизнис, знајте дека НЕ СТЕ САМИ.
Заедно сме во оваа борба од која ќе излеземе како победници, многу посилни за она што следи.
Нашиот тим од 40 вработени активно работи и ви стои на располагање за се што ви е потребно. И за нас беше предизвик да се прилагодиме на целосна работа од дома, но успеавме, се со цел во овие тешки времиња да им бидеме достапни на нашите клиенти и на барателите на работа.
Ќе продолжиме со уште поголем ентузијазам, за сите вас, за времето што следи!
Ве повикуваме да ги споделите со нас вашите позитивни пракси во справувањето со овие тешки ситуации, реорганизацијата на начинот на работа, мерките кои ги превземавте за заштита на вработените, сите ваши прашања, проблеми... Со тоа ќе се вклучите во нашата иницијатива #воВонреднаОДГОВОРНИ, преку која се грижиме за имиџот на вашата компанија и во време на криза.
Затоа што нашите клиенти се општествено одговорни компании кои имаат стратегија за функционирање за време и после излезот од кризата, а ние сме нивна поддршка без оглед на предизвикот со кој се соочуваме!
Вашите потенцијални кандидати за работа сакаат и треба да знаат дека сте одговорна компанија во сите услови и во текот на целата година, дека внимавате на вашата деловна етика и ја почитувате благосостојбата на вашите вработени, кои се движечка сила на секоја компанија.
Испратете ни ги Вашите одговори на marketing@vrabotuvanje.com.mk, ние ќе ги споделиме на сите наши канали на социјалните мрежи, кои бројат над 300.000 следачи.
Чувајте се и бидете #воВонреднаОДГОВОРНИ, за поубавите времиња кои доаѓаат.