А1 Македонија проактивно ги насочи вработените кон мерките за заштита, а истовремено кон важноста за одржување континуирана услуга во време на вирусот COVID-19.
На почетокот на месец февруари, компанијата заедно со својот локален тим за менаџирање во кризни ситуации кој увидувајќи ја опасноста од коронавирусот, како и можноста за ширење во нашата држава, веднаш постави посебни мерки за заштита и засилена хигиена на сите компаниски локации. Планот за заштита е засилен, согласно новонастанатата ситуација и согласно новите насоки и мерки за заштита.
Со мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, компанијата има за цел да ги заштити своите вработени, а со тоа и корисниците.
Со првиот случај на коронавирус во Европа, од компанијата е донесена одлука за ограничувања за патувања, односно за откажувања на сите меѓународни службени патувања, а внатрешните се имплементирани согласно нивната важност и приоритет. За непречено одвивање на работата и континуирана услуга благодарение на дигиталната технологија, традиционалните состаноци се заменети со виртуелни.
Ограничени и откажани се сите учества на големи настани и надворешни конференции, исто како и внатрешните групни активности кои се откажани или пролонгирани, согласно можноста.
Беа обезбедени дезинфекциски средства за сите вработени, а интерно и на дневно ниво преку дигитални, но и традиционални канали добиваат насоки за заштита и превенција, насоки за правилно користење на средствата за дезинфекција како и правилно одржување на хигиената. Согласно новонастанатата ситуација вработените кои имаат директен контакт со корисници се опремени со медицински маски и заштитни ракавици, а добиваат и насоки за правилно однесување при контакт и работа со корисници.
Продажните салони на А1 Македонија се отворени, но работат со скратено работно време и засилени мерки за заштита. Согласно препораките на Владата сите продажни салони во трговските центри се затворени. Контакт центарот, како и Одделите за техника работат во полн капацитет, а дел од тимот на А1 Македонија работи од дома. Вработените кои патувале во странство, како и бремените и хронично болни вработени добиваат платено отсуство.
Тимот за менаџирање во кризни ситуации работи и денес и согласно ситуацијата и препораките презема мерки за заштита на вработените на А1 Македонија.