
Италија, најпогодената земја од епидамијата на коронавирусот, во четвртокот го прослави неверајтното закпрепнување на 101-годишен маж заболен од Ковид-19.
Мажот кој на јавноста и е познат само под псевдонимот “Господин П“ беше хоспитализиран пред околу една недела, а во четвртокот беше пуштен од болница откако успешно го победил коронавирусот.
Според градоначалничката на Римини, местото каде живее човекот, во овие темни времиња одредени приказни како што е оваа имаат големо значење.
Она што ја прави оваа приказна уште поневеројатна е фактот дека човекот бил роден среде избувнувањето на Шпанскиот грип од кој загинаа најмалку 50 милиони луѓе во периодот помеѓу 1918 и 1920 година.
Неговото закрепнување дава надеж дека доаѓаат подобри времиња за сите Италијанци, а особено за постарите лица кои се најранлива категорија во борбата против Ковид-19.
Италијанскиот Национален здравствен институт објави дека просечната стапка на смртност кај пациентите со Ковид-19 изнесува 7.1 проценти, а стапката на смртност кај лицата на возраст од 90 или повеќе години е 22.9 проценти.