Хрватската влада работи на нов закон за измена на Законот за работни односи. Работникот би можел да биде сведен на минималец, договорите за работа ќе бидат суспендирани, а ќе се намали и надоместокот за невработени... од ресорното Министерство соопштија дека нема да бидат толку ригорозни!
Хрватското Министерство за труд подготвува нов закон со кој ќе се суспендира сегашниот закон за работни односи, така што вработените низ цела Хрватска би можеле да очекуваат помали права доколку помине предлогот.
Ова доаѓа како одговор на вонредните околности предизвикани од пандемијата на коронавирусот, потешкотиите со кои се соочуваат компаниите и можноста за затворање на работни места. Со новиот закон, работниците би можеле да добијат пониска плата, да се соочат со променети услови во договорот за вработување и да им се намалат сите дополнителни финансиски бенефити на вработените. А по се изгледа дека ќе се намали и надоместокот за невработеност за луѓето кои после кризата ќе останат без работа.
Иако Министерството советува дека нема да донесе законски одредби без консултации со синдикатите и дека ова е најдобро решение за работниците и компаниите, оценете самите кој ќе сноси најголема штета од носењето на овој закон.
Со новиот закон кој гласи “Закон за регулирање на работните односи во околностите на епидемија на COVID-10“ се воведуваат следните ставки:
- Можност за намалување на платите до износот на минималната плата според правилникот за работа и укинување на правото на вработените за исплата на еднократни материјални права;
- Можност за еднострано укинување на пооделни одредби од колективниот договор;
- Право на работодавачот да му понуди на работникот анекс на договорот за вработување со кој може да му се скрати работното време за време на епидемијата со што автоматски би значело пониска плата од тоа што е првично договорено;
- Можност за еднострана одлука на работодавачот за работа од дома;
- Можност за различно регулирање на правото за надомест поради прекин со работа;
- Исклучување на одредбата за примена на поповолни права за вработените од член 9 од Законот за работни односи;
- Право на работодавачот да донесе одлука за користење на годишен одмор на работниците без рок на известување од 15 дена;
- Можност за донесување на одлуки за прераспределба или промена на распоредот на работното време на вработените;
- Суспендирање на задолжителната обврската за советување со работничкиот совет;
- Необврзување на периодични прегледи на работниците кои работат во посебни услови за работа.