Американскиот производител на електрични автомобили “Тесла” планира да го намали бројот на вработени во својата фабрика за батерии во Невада за околу 75 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирусот
Овој потег следуваше по најавата на нејзиниот јапонски партнер “Панасоник” дека неделава ќе го намали обемот на работа во фабриката во Невада, пред да ја затвори на 14 дена, пренесува Ројтерс.
Инаку, во Невада се произведуваат електрични мотори и батерии за популарниот Модел 3 на Тесла.
Тесла не извести дека во следните неколку дена бројот на вработени во гигафабриката во округот Стореј же биде намален за околу 75 проценти, напишта Остин Озборн на веб страната на округот.
Во објавата не се дадени дополнителни детали за бројот на вработени кои работат во фабриката, а од Тесла не одговорија на барањето за коментар од страна на Ројтерс.
Претходно, списанието “Рено Газет” напиша дека е планирано запирање на производството во фабриката во Невада, наведувајќи дека “Панасоник” има околу 3.500 работници таму.