Технолошкиот гигант Google ќе донира повеќе од 800 милиони долари како поддршка на бизнисите, компаниите и здравствените работници како дел од одговор на пандемијата од коронавирусот, пренесува CNN.
Технолошката компанија на Светската здравствена организација и на глобалните институции ќе им одобри грантови од 250 милиони долари.
Околу 340 милиони евра, Google ги одвојува во форма на кредити за мали и средни компании.
Google е една од технолошките компании што ќе одобрат финансиска поддршка за борба против глобалната пандемија. Apple ќе донира повеќе од 10 милиони долари за респираторни маски за САД и Европа.
Facebook и Google овозможија бесплатно рекламирање на Светската здравствена организација и други институции коишто обезбедуваат информации за коронавирусот.