И покрај кризата, компанијата Teleperformance која неодамна пристигна во Македонија одлучи да продолжи да го гради својот тим, трансформирајќи го целиот процес на регрутација онлајн. За својот нов-ултра модерен кол-центар во срцето на Скопје, компанијата е во потрага по кандидати со многу добро познавање на германски и англиски јазик кои сакаат да работат како агенти за техничка поддршка, а отворени се и неколку менаџерски позиции на кои може да аплицирате до 10ти април!
Германски Teleperformance или најголемата глобална компанија за кориснички услуги со над 330 илјади вработени низ целиот свет и натаму е во потрага по кандидати на новите позиции кои се отворени во претставништвото во Скопје.
Следејќи ја новонастанатата ситуација, Teleperformance како општествено одговорна компанија се реши да преземе низа мерки за заштита на здравјето на своите вработени.
Во таа насока, компанијата одлучи сите интервјуа за тековните отворени позиции да бидат направени онлајн, со што исто така би се заштитиле и потенцијалните кандидати кои би аплицирале за работа, а виртуелно ќе биде и тестирањето на кандидатите кое се прави во понатамошните фази на селекција.
Целта на Teleperformance е да стане работодавач број 1 за познавачите на германскиот јазик, а тоа засега на компанијата и оди од рака благодарение на одличните услови кои ги добивате уште од првиот ден како вработен во Teleperformance.
Заинтересирани сте?
Аплицирајте на отворените позиции:
Customer Service Agent (German Language)
Quality Analyst (German Language)