Кризата која ја направи Ковид-19 се очекува да продолжи да има негативно влијание врз интернет рекламирањето бидејќи повеќето компании ги откажуваат своите маркетинг кампањи, а во сегментот на таргетирано огласување владее хаос.
Најпопуларната социјална мрежа со преку 2 милијарди корисници во светот објави дека како резултат на пандемијата бројот на корисниците расте, но приходите од рекламирање се намалиле.
Бројот на гласовни пораки и видео повици преку Messenger и WhatsApp се има повеќе од удвоено во областите кои се особено погодени од коронавирусот, соопштија челниците на Facebook.
Како што се шири пандемијата и се повеќе и повеќе луѓе одржуваат меѓусебно растојание, тие се повеќе ги користат нашите апликации, изјавија Алекс Шулц – заменик претседател на одделот за аналитика и Џеј Парих – заменик претседател на одделот за инженерство.
Најголем пораст има во бројот на корисници на бесплатни услуги за разменување на пораки кои не генерираат приходи од рекламирање, додадоа тие.
Повеќето услуги каде што имаме зголемена активност се бесплатни, а во исто време забележано е и слабеење на рекламниот бизнис во земји кои спроведуваат поагресивни мерки против ширењето на Ковид-19, се вели во нивното соопштение.
Facebook има повеќе од 2 милијарди корисници и е меѓу многуте компании кои очекуваат сериозни деловни последици поради тековната криза, а пандемијата веќе смени голем дел од навиките на корисниците и потрошувачите.