Полициски час за лицата над 67 дозволено излегување од 5 до 11 часот наутро.Банките и маркетите почнуваат со работа најрано во 7:30.Работат почитувајки ги мерките. Во маркетите пак има некој ред но она што го видовме во банките прво е нехумано а второ се коси со сите препораки за заштита. А пензионерите не се виновни. Малкумина од нив знаат како да подигнат пари на банкомат. Прво не гледаат второ имаат страв. Оправдано.
Научени се, парите се земаат од човек на рака на шалтер.И за тоа и чекаат во редица.
И се е во ред ако се редовни услови, чекањето не ги заморува и онака велат имаат цел ден на располагање. Но во вонредни услови ова чекање некого може да го чини живот.Маски и ракавици малкумина имаат. Не дека не сакаат нема од каде да купат.Во најблиската аптека веке одамна се распродадени.
Велат пензионерите не се придржувале до мерките?Правеле гужва..А како поинаку?
Внатре во Банката може да има најмногу тројца. Подобро е да стоите надвор. Стојат надвор ама многу се...
Банките сериозно мора да размислат за промена на системот на исплата на пензиите. Владата да преземе дополнителни мерки и препораки. Ако треба да ги зачуваме возрасните да не создаваме дополнителни ризик фактори.
Некои го паметата времето некои можеби и не знаат дека порано пензиите стигнуваа на домашна адреса кај нашите баби и дедовци. Со торбичката полна пари доаѓаше чичко поштарот и ке извадеше едно ливче на кое го пишуваше името и презимето со износот, и еден така наречен пензиски чек со црвена боја.Ке изброеше парите и ке ги дадеше на пензионерот. И така по ред до секоја куќа во секое село и град...Можеби е време да се врати тој начин на достава на пензиите и не само заради вонреднава ситуација туку за постојано.