За помалку од една недела, направено е помагало за дишење што може да им помогне на пациентите да избегнуваат интензивна нега, пренесува BBC.
Инженерите од University College во Лондон работеле со лекарите во UCLH и Mercedes Formula 1 на изработка на уред којшто испорачува кислород во белите дробови, без потреба од респиратор. Уредите, Continuous Positive Airway Pressure(CPAP) веќе се користат во болниците, но ги има малку.
Четириесет нови уреди, се доставени до ULCH и во три други лондонски болници. Ако тестирањето добро помине, Mercedes-AMG-HPP може да произведува дневно до 1.000 вакви уреди. Регулаторната агенција за лекови и производи за здравствена заштита во Велика Британија веќе ја одобри нивната употреба.