Додека многу земји се соочуваат со зголемено ширење на коронавирусот, а големите туристички атракции остануваат целосно напуштени, новото истражување на Luggage hero сугерира дека светот на патувањето е сè уште жив, пишува Forbes.
Повеќе од половина од Американците (58%) планираат да патуваат во периодот од мај до септември 2020 година, односно сè додека земјите не се ставаат во карантин.
Сепак, студијата открива дека повеќето луѓе ќе бидат претпазливи. Четвртина од учесниците во студијата планираат да ги избегнат поголемите градови и јавниот превоз.
“Побарувачката за туристички аранжмани ќе биде посилна од кога и да е, кога ќе заврши пандемијата“ вели Јаник Лавец, извршен директор на Luggage Hero.
Како ќе патуваат луѓето кога ќе заврши пандемијата?
Ќе останат во земјата
Многумина ќе избегнуваат меѓународни патувања затоа што ќе се чувствуваат посигурни ако се поблиску до нивниот дом. Патувањата ќе бидат во земјата за да се избегнат авионски летови и крстарења.
Патувањата ќе траат пократко
Поради влијанието на економијата, класичните двонеделни одмори би можеле да се претворат во продолжени викенди.
Дали туристичката индустрија ќе закрепне?
“Патувањето и туризмот се многу отпорна индустрија која закрепнува од болести и природни непогоди одново и одново“, вели Џон Ловел од Travel Leaders Group.
Набљудувачите на оваа индустрија предвидуваат брзо враќање во туризмот и покрај сегашните наслови на несреќа и мрачност. Тие посочуваат дека туризмот и претходно закрепнувал брзо, после други пандемии и катастрофи, вклучително и по 11 септември.
Како ќе изгледа патувањето по коронавирусот?
Веројатно туристичките центри ќе започнат со агресивна програма за закрепнување од вирусот веднаш штом се смири пандемијата. Тоа е предвидување на Вејн Смит, претседател на Одделот за угостителство и менаџмент со туризмот на колеџот Charleston.
“Повеќето земји ќе воспостават стратегија за обновување и најверојатно ќе воведат некои попусти“, вели Вејн.
Смит вели дека најдобрите стратегии не се однесуваат неопходно за пониски цени, туку за квалитет.