Брачен пар од Скопје самоизлоацијата ја поминува во изработка на заштитни маски.
Во изминатиов перод на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од граѓани кои вредно изработуваат во нивните домови заштитни маски кои ги подаруваат.
Една таква фотографија е и од домашната карантинска работилница на еден брачен пар на која се гледа како тие вредно изработуваат заштитни маски. Фотографијата е споделена од нивната ќерка која апелира дека ако на некому му требаат маски, може слободно да ги контактира.