На официјалната страница на отворена заради потребите на темелно следење на состојбата со корона вирусот koronavirus.gov.mk. Освен детали и соопштенија постои и сектор со најчесто поставувани прашања, а едно од оние кое привлекува внимание е дека е во план да се направи мобилна апликација за следење на лицата кои се во самоизолација:
Ви пренесуваме дел од прашањата и одговорите:
Ќе се воведе ли електронско следење на лица во изолација преку мобилна апликација?
На ова работиме заедно со Министерството за информатичко општество. Се изработува ваква апликација по пример на европските земји која би можела да се користи во некои области. По изготвување на апликацијата, таа веднаш ќе биде презентирана на јавноста.
Комисијата за заразни болести смета дека ако по 14 дена не се појават никакви симптоми на заболувањето, поединецот не треба да биде тестиран. Ова важи и за луѓето кои се во домашна самоизолација и во државен карантин. Ако е поминато времето на инкубација и нема симптоми на болеста, според мислењето на епидемиолозите –нема индиции за тестирање.
Има ли можност преку „Мој термин„ итно да се закаже тестирање за корона?
Постои алгоритам кој ги вклучува матичните лекари, кои ќе направат првична проценка. Во случај на итност, секогаш е отворена Инфективната клинка каде примарно се прави клинички преглед и согласно тој преглед се индицира тестирање.