Сите граѓание кои ги задржаа своите редовни примања и покрај мерките за заштита од коронавирусот, навремено да ги подмират своите сметки, апелираше претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Компаниите во наредниот период ќе се обидат да не исклучуваат, но сепак останува апелот администрацијата и останатите граѓани кој немаат намалени плати да си ги подмират редовните обврските.
Во моментов Регулатрона заедно со сите компании во трите сектори работат за да изнајдат соодветен начин како да им се помогне на оние потрошувачи кои биле погодени од корона кризата.
Извор: Бриф