Знаеме дека никој не размислува на патување во ваква состојба, но што се случува доколку во моментов се обидете да “букирате” соба во некој хотел?
Во овие тешки времиња, многу поважно е да останеме во добро здравје, отколку да посетиме некоја атрактивна локација која сме ја планирале пред почетокот на пандемијата.
Како што повеќето земји ширум светот започнаа да ги затвораат своите граници и да применуваат заштитни мерки за справување со Ковид-19, така и Booking ја промени својата политика во однос на резервацијата на соба во време на кризаната состојба Tие буквално се оградуваат од се. Постојано стојат предупредувањата па така дури и да планирате летување воопшто нема да ви дадат конкретен одговор .
Што се однесува до веќе направените резервации Booking ве советува да го контактирате Хотелот или сопственикот каде ќе престојувате. Велат дека тие се должни да ви ги рефундираат средствата или да ви дадат опција за промена на датумите доколку заради ситуацијата не можете да патувате.
Ако тоа не е возможно тогаш ви останува да ви ја варатат само сумата која стои дека ке остане ово случај на откажување. Сето ова си стои во нивниот центар за помош со предупредување дека што и да прашате не надевајте се на брз одговор
Но нивниот сервис и понатаму работи и возможно е да се направи резервација, доколку направите резервација, да речеме на пример во Милано, Booking ве известува дека “во време на неизвесност, најважно е да останеме флексибилни, затоа Booking ве советува да резервирате соба со можност за бесплатно стопирање на резервацијата доколку вашите планови се променат”.
За сите резервации направени во следниот период, Booking ве советува да ги имате во предвид ризиците од Ковид-19 и мерките преземени од властите во земјите каде што сакате да патувате, иако опцијата за резервација е се уште отворена.