Шпанија се движи кон воведување на перманентен основен приход како мерка за да им помогне на работниците и нивните семејства погодени од пандемијата на коронавирус.
Надија Калвињо, министерка за економски прашања во земјата, за националниот редиодифузер “Ла Секста” изјави дека шпанската влада планира да ја воведе популарната мерка на “врачување пари” како дел од сетот мерки со кои планира да им помогне на милионите Шпанци погодени од кризата да застанат на здрави нозе.
Таа напомена дека остварувањето на основен приход ќе биде “главно насочено кон семејствата, но ќе се разликува во зависност од нивните околности”.
Калвињо не специфицира конкретен датум кога основниот приход ќе започне да функционира во земјата, но таа рече дека владата размислува тоа да биде перманентен инструмент кој ќе трае и после решавањето на кризата.
Ние ќе го реализираме ова што е можно поскоро. Ваква мерка може да биде корисна не само во вонредни случаеви, туку и доколку остане да важи засекогаш, изјави таа.
Претходно, Финска спроведе двегодишен експеримент со основниот приход доделувајќи им по 560 евра месечно на 2.000 невработени лица избрани по случаен пат.
Примателите на овој приход изјавија дека живеат подобро и поздраво, но и натаму, голем дел од нив се сè уште без работа.