Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со гувернерите на сите области во Руската Федерација ги соопшти новите мерки кои ќе бидат спроведени низ целата земја во екот на пандемијата со Ковид-19.
Една од мерките кои ги соопшти рускиот претседател е и исплата на додаток на плата за медицинските работници во износ од 25.000 до 80.000 рубљи.
Тој истакна дека на сите предизвици кои ќе бидат поврзани со Ковид-19, Русија ќе одговори исклучително брзо и ефикасно, нагласувајќи дека следните две или три недели ќе бидат клучни во борбата против коронавирусот.
На Русија не и е првпат да наиде на вакви проблеми, нашата земја се справува со сите предизвици и затоа ќе ја надмине и оваа болест. Се ќе помине, па и ова, изјави Путин.
Рускиот претседател исто така соопшти дека годинава се очекува драстичен пад на светската трговија, а што се однесува на Русија, тој потенцираше дека макроекономската состојба е стабилна.
На граѓаните им порача дека многу добро разбира дека е тешко да се остане меѓу четири, но дека сега е потребно да се направи тоа.
Путин најави и голем број на нови економски и социјални мерки кои ќе бидат реализирани во следниот период, а такви се:
- Реструктуирање на малите и средните бизниси и враќање на нивните долгови во фази;
- Приоритет за државна помош да им се даде на оние фирми кои продолжуваат да работат и покрај вирусот;
- Сите компании погодени од оваа криза ќе бидат одложени да плаќаат осигурување;
- Поради ситуацијата со короната, сите документи на руските граѓани, вклучително и пасошите, автоматски ќе бидат продолжени;
- Родителите на деца на возраст меѓу три и седум години ќе добијат социјална помош без тешки процедури;
- Оние кои ќе ги загубат работните места по 1 март ќе добијат државна помош во висина на минимален приход;
- Родителите кои ги изгубиле работните места ќе добијат исплата од 3.000 рубљи по дете;
- Медицинските работници ќе добијат плата без никакво ограничување.