Откако се појави коронавирусот во земјава задолжително стана носењето на маски.
Па во оваа ситуација тешко е низ аптеките да се најде и купи маска за заштита.
-Пред почетокот на „корона-кризата“ маските чинеле околу 4 денари. Сега, ако успеете да најдете истата ќе ја купите за цена од 30 до 50 денари за парче. Многу тешко може да се најдат и од поскапите маски, велат фармацевтитие.
Воедно тие додаваат дека и ракавиците за една употреба од два денари накачени се 8 денари по парче.Пандемијата на коронавирусот многумина ја сметаа за добра можност за брза заработувалчка, а некој и да ја покажат својата хумност.
Но, покрај профитерите има и луѓе кои бесплатно прават маски и заштитни визири. Воедно и на социјалните мрежи се појавија групи како и граѓани кои доброволно ја нудат својата помош.
Една таква група која донира маски е „Изработка на капи и каљачи“ .Станува збор за млади и жени кои се организираат и изработуваат потребни заштини средства за медицинскиот персонал. Тие изработуваат каљаши и заштитни капи. Од активностите во групата може да се види дека тие доставуаат опрема до речиси сите здравствени установи. Дополнително голем дел од медицинскиот персонал им се обраќа редовно барајќи помош.
Покрај групите кои нудат помош има и граѓани кои доброволно прават заштитни маски и ги нудат бесплано .
Според експертите обичните хируршки маски не се ефикасни против вируси и бактерии во воздухот, бидејќи тие се премногу широки, односно не се придржуваат добро кон устата и носот. Исто така маските за еднократна употреба и не треба да се користат постојано.
Ако се одлучите да користите маска за заштита, докторите предлагаат тоа да биде нано маска. Нано маските имаат дополнителен филтер направен од наноматеријали и сребрени честички, кои ја неутрализираат негативната честичка од вирусот со нивната позитивна енергија. На пример маските со ознака N95 заштитуваат од 95 проценти од честичките во воздухот, N99 заштитуваат од 99 проценти од честичките, додека N100 штитат од 99,97 проценти од честичките во воздухот. Сите овие маски штитат од честички, но не ги елиминираат и мирисите на издувните гасови
стандард.мк