Властите во Бахреин ќе потрошат 570 милиони долари за плати на 100.000 вработени во приватниот сектор, за период од април до јуни, со цел да се намалат штетните последици од коронавирусот, пренесува Reuters.
Властите, исто така, ќе ги плаќаат сметки за струја и вода на сите жители на Бахреин, како и на сите компании во земјата. Ќе биде запрена и наплатата на некои видови на даноци за недвижнини и туризам.
Оваа иницијатива е дел од пакетот за поддршка на економијата во висина од 11 милијарди долари, што владата на Бахреин ја посвети на приватниот сектор заради амортизирање на економските последици од пандемијата.