Компанијата соопшти дека „се спроведени сите санитарни мерки што се во сила во Романија за да се започне со постепено продолжување на индустриската платформа Дачиа
Групата „Рено Романија“ објави денеска дека погоните на Дачиа во јужниот град Миовени ќе започнат со продолжување на производството постепено од 21 април, а се очекува да продолжат со нормалното работење на 4 мај, објави Агерпрес.
Компанијата соопшти дека „се спроведени сите санитарни мерки што се во сила во Романија за да се започне со постепено продолжување на индустриската платформа Дачиа во Миовени“, пренесува БТА.
„Така, на 21 април производствените активности во двете фабрики ќе бидат продолжени на доброволна основа“, се вели во соопштението. Нормалната производствена активност на мотори и шасија на фабриката за автомобили се очекува да продолжи на 4 мај.
Групата „Рено Романија“ првично најави прекин на производството во Миовени од 17 март до 5 април во контекст на пандемијата на коронавиус. На почетокот на април, беше решено да се продолжи овој рок по договор со социјалните партнери.