Германската авиокомпанија „Луфтханза“, најголемата авијациска група во Европа, губи околу 1 милион евра на час поради коронавируст и ќе и треба државна помош, порача нејзиниот директор Карстен Спар во видео пораката до вработените.
Групацијата „Луфтханза“, која ја обединува германската компанија со исто име, „Австрија ерлајнс“,Swiss, „Брисел ерлајнс“ и нискобуџетниот оператор „Еуројвингс“, објави обрт од 36 милијарди евра во 2019 година.
Поради пандемијата на коронавирус, сега носи помалку од 3.000 патници на ден, во однос на 350,000 во нормални периоди, што е намалување за 99%, објасни Спар.
Бројот на понудени места е намален на 5 проценти и 700 од 763 авиони на групата не летаат, повеќето од нив се во хангари на аеродромите и на една од патеките за слетување во Франкфурт.
Сепак, групацијата забележува зголемена побарувачка за транспортни авиони.