Судиите и јавните обвинители ќе земат плата од 14 500 денари за месеците април и мај. Редовните месечни примања на судиите се движат од 55 000 денари за оние во основните до 85 000 денари за врховните судии.
Досега јавно не беше соопштено дека меѓу оние што ќе земат 14 500 денари плата за април и за мај се и судиите и јавните обвинители
Кратењето на платите на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор, како мерка на штедење во актуелната криза, ќе ги опфати и судиите и јавните обвинители. Тоа може да се прочита во Уредбата со законска сила објавена во „Службен весник“ број 97, од 9 април 2020 година, а донесена на седница на Владата на 7 април.
„Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на избраните судии кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на судиите и на јавните обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители“,
Ова значи дека и судиите и јавните обвинители ќе земат плата од 14 500 денари за месеците април и мај. Редовните месечни примања на судиите се движат од 55 000 денари за оние во основните до 85 000 денари за врховните судии.