За да добиете паричен надомест отказот мора да ви биде како технолошки вишок а не спогодбен

За да добиете паричен надомест отказот мора да ви биде како технолошки вишок а не спогодбен

12. 04. 2020.

Затоа што со самата спогодба вработениот ќе го оставиме и без плата, и без надомест кој се дава од Агенцијата за вработување, рече заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД: Отказите на работниците поради Ковид-19 да бидат како технолошки вишок, а не со спогодби

Доколку работодавците  не можат да ги задржат  вработените поради последиците  предизвикани од пандемијата со КОВИД-19,  тогаш отпуштањето да биде како  технолошки вишок, а не со спогодбени откази,  за вработените да имаат право  да се пријават во Агенцијата за да добијат надомест, апелираше денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во информативната видеосесија на Владата на тема од социјалната заштита.

 

-Доколку вработените бидат уценети од самите  работодавачи, тогаш ги повикуваме  да се обратат до Државниот инспекторат за труд, бидејќи ова е  прекршување на правата утврдени со  Законот за работни односи.  Ова е важно да се нагласи за вработените  никако да не потпишуваат спогодбен отказ од  работа,  бидејќи ќе останат без надоместоци. Најмногу апелираме до работодавците – во овие тешки моменти треба да бидеме  сплотени, солидарни,  затоа што со самата спогодба  вработениот ќе го оставиме и без плата, и без надомест кој се дава од Агенцијата за вработување, рече Бајрактар.

 

Во сесијата за одговори тој рече дека лицата што останале без работа и немаат здравствено осигурување треба да се јават во Агенцијата за вработување, во центрите каде што живеат, и по автоматизам согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, ќе добијат и паричен надмомест и воедно ќе остварат право на здравствена заштита.

извор Независен- Целиот текст ТУКА