Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик ќе изнесува 21 ден.
Владата денеска одлучи дека треба да се продолжи.
Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови, според која оваа Одлука важи и за државјани на Република Северна Македонија, вратени од странство и со конвои по копнен пат.