Заштитата дејствува само ако знаете што правите.
Носењето на заштитни маски и ракавици може да го намали ризикот да се заразите со коронавирус или да го пренесете вирусот на други луѓе.
Но, таква заштита функционира само ако знаете што правите.
Иако се чини како едноставна задача, на крајот на краиштата потребно е само да се стават ракавици, многу е лесно да се направи грешка.
Порталот Eat This, Not That истакна неколку ситуации во кои луѓето несвесно прават грешки при користење на заштитни ракавици:
Погрешно ги отстранувате
Кога ја отстранувате првата ракавица, тоа го правите со другата рака која останува чиста, но ако со чиста рака ја допрете надворешноста на втората ракавица, тогаш вашите раце се повторно нечисти.
При остранување на ракавиците, односно по отстранувањето на првата ракавица, потребно е да ја отстраните втората од внатрешниот дел на ракавицата.
Носите ракавици и го допирате лицето
Луѓето понекогаш чувствуваат лажна сигурност кога станува збор за носењето на ракавици. Несвесно се случува да го допрете лицето, заборавајќи дека во моментот носите ракавици кои не се чисти. Во вакви ситуации, ракавиците навистина немаат никаква цел.
Не ги миете рацете
Понекогаш луѓето забораваат дека секогаш пред да стават ракавици е потребно да ги измијат рацете. Имено, ако допирате различни површини пред да ги ставите ракавиците, вашите раце повеќе не се чисти, а носењето на ракавици губи значење.
Ги миете ракавиците
Заштитните ракавици се направени од латекс, така што нивното миење со секојдневните средства за хигиена може да ги уништи. Иако е препорачливо да ги фрлите ракавиците по нивната употреба, доколку сакате да ги искористите повторно, измијте ги само со вода и сапун, исто како што ги миете и рацете.
Употребувате исти ракавици повеќе пати
Како што веќе кажавме, ракавиците можете да ги измиете со вода и сапун, но тоа не е препорачливо. Најдобро е да ги менувате што е можн почесто, но не заборавајте да ги измиете рацете. Имено, ако често менувате ракавици, тие можат да пренесат бактерии од една површина на друга, па дури и на делови од вашето тело.
Ги допирате вашите лични работи
Ако носите заштитни ракавици на јавна површина, нема смисла да ги допирате вашите лични работи со нив. Такви се мобилните телефони, картичките за плаќање и слично.
Користите ракавици и средства за дезинфекција
Со нанесување на средства за дезинфекција на заштитните ракавици може да се уништи материјалот од кој се направени, што ќе ја минимизира нивната способност да ве заштити од можни инфекции.