Ракавиците се едно од најкористените средства во текот на пандемијата, но не е доволно само да ги ставите на раце - важно е правилно да се користат.
Новиот коронавирис се пренесува по пат на капки, додека некои истражувања покажуваат дека заразата може да се предизвика и од допирање на контаминирани површини.
Еве краток водич за правилно користење на ракавиците:
Мораат добро да пасуваат
Ракавиците не е добро ниту да се тесни, ниту да се широки бидејќи и во двата случаи се зголемува ризикот од инфекции, рекла Сузан Вилард, медицинска сестра во “Global Health at Rutgers School of Nursing”.
Менувајте ги често
Ракавиците треба да се менуваат често. Ритамот на менување треба да биде ускладен со темпото на миење раце. Додека носите ракавици никако не смеете да го допирате лицето. На пример, ако со ракавиците го допрете телефонот, а потоа лицето, се изложувате на ризик од инфекции. Рацете треба да се мијат и пред и по ставање на ракавици. Исто така, ракавиците ја намалуваат внимателноста, па луѓето додека ги носат стекнуваат лажна сигурност и мислат дека со нив можат да допираат се.
Внимавајте на површините кои ги допирате и согласно тоа менувајте ги ракавиците.
Внимателно вадете ги ракавиците
При вадење на ракавиците нивниот надворешен дел не треба да дојде во допир со вашата кожа. И веднаш по вадењето треба да ги фрлите во корпа за отпадоци.
Не треба да ги дезинфицирате
Некои ги чистат ракавиците со средтво за дезинфекција на раце, но докторите предупредуваат дека така се намалува нивната ефикасност.
Безбедно извадете ги и потоа измијте ги рацете
Не ги фрлајте ракавиците на тротоар по употреба! Некој може да ги земе и на тој начин да се зарази. Исто така,во контакт со потенцијално заразени ракавици можат да дојдат и животните. Неопходно е откако ќе ги извадите ракавиците да ги измиете рацете, најмалку 20 секунди. Миењето на раце е важно зашто е речиси невозможно контаминираната содржина на ракавиците да не дојде во допир со вашата кожа.